Милан е во потрага по квалитетен играч за врска, а најголеми желби на „росонерите“ се Матео Ковачиќ од Реал Мадрид и Адриен Рабио од ПСЖ.
„Спортмедиасет“, медиум близок до миланскиот гигант открива дека спортскиот директор Леонардо одлетал за Париз на средба со ПСЖ и агентите на Рабио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леонардо е во одлични односи со францускиот гигант, но и со мајката на Рабио, која е и агент на плејмејкерот.
Изминатите денови Леонардо имал неколку телефонски контакти со Рабио и неговата мајка и добил зелено светло да започне преговори со ПСЖ.
Рабио влегува во последната година од договорот и „светците“ за неговата слобода бараат 30 милиони евра, но Леонардо е во одлични односи со својот поранешен клуб и ќе се обиде додатно да ја намали оваа сума.
Mediaset (Not so reliable) claim that Leonardo flied to Paris for Rabiot (Valued at €30m by PSG), possible agreement in the next hours. pic.twitter.com/Q7CSP1XjFc
— Milan Eye (@MilanEye) August 5, 2018