После победата на Ливерпул над Марибор од 3:0 во ЛШ, играта на „црвените“ ја анализираше легендарниот капитен Сами Хипија.
Ливерпул оваа сезона во 10 првенствени натпревари прими 16 гола, а единствен тим кого успеаа да го победат во Лига на шампиони е Марибор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хипија, кој е жива легенда на клубот од „Енфилд“ смета дека играта на Клоп е премногу офанзивна и нема смисла.
„Убаво е да се гледа напаѓачки фудбал, но ова во Ливерпул е премногу. Мора да имате равнотежа во играта, сите линии мораат да играат одбрана, а тоа не е случај со тимот на Клоп. Покрај тоа последната линија на Ливерпул стои практично на центарот, а со малку поспори дефанзивци тоа е голем проблем“, смета Хипија, кој потоа го посочи главниот проблем.
„Играчите воопшто не комуницираат, како да не играат заедно. Видов неколку ситуации каде не знаат кој кого го покрива. Но, најважно е што овој тим нема лидер. Некој мора да ја преземе одговорноста на теренот и да им наредува на играчите. Комуникацијата е најважна“, заклучи Финецот.