Дома Фудбал Италија Легендарниoт стопер на Јуве: Роналдо нема да постигне повеќе од 30 гола

Легендарниoт стопер на Јуве: Роналдо нема да постигне повеќе од 30 гола

Легендарниот дефанзивец на Јувентус, Чиро Ферара смета дека Кристиано Роналдо во Италија нема да биде ефикасен како што тоа беше случај во Шпанија.

Дел од фудбалската јавност смета дека Роналдо ќе издоминира во Италија, но во првите кола Португалецот не се прослави и Ферара верува дека тој нема да постигне повеќе од 30 погодоци.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мислам дека оваа сезона ќе постигне најмногу 25-26 погодоци, но секако бројката ќе биде помала од онаа во Шпанија. Според мене, сигурно нема да постигне повеќе од 30 погодоци. Во Италија фудбалот е поинаков, не го кажувам тоа поради дефанзивците, туку поради тактиката и помалите клубови тука се одлично организирани“, изјави Ферара.

Роналдо се уште чека на првенецот во Серија А, а има шанса да го постигне и денес кога неговиот тим гостува кај Парма во третото коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Мадрид се изморени од сè: Реал со сите сили ги нападна судиите

Во Реал Мадрид повторно е бурно поради судењето, а клубот предводен од Флорентино Перез е …