Играчот на Барселона, Сержи Роберто донел конечна одлука да го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат каталонските медиуми.




Сержи Роберто го загуби првотимскиот статус и оваа сезона добива многу мала минутажа, а има понуда од Атлетико Мадрид.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
30-годишниот Роберто е дете на Барселона, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.




Атлетико сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе без обештетување, а Роберто е спремен да ја прифати понудата на „јорганџиите“ иако има понуди и од МЛС лигата.




Сержи Роберт имаше тешка повреда и не игра од октомври, но добро се рехабилитира и наскоро ќе се врати на терените.