Дома Фудбал Останато Левандовски искрено за „Златната топка“ и изјавата на Меси: Би сакал тоа да се искрени зборови од голем играч

Левандовски искрено за „Златната топка“ и изјавата на Меси: Би сакал тоа да се искрени зборови од голем играч

Роберт Левандовски го прекина молкот и престана со дипломатските изјави околу „Златната топка“.

Очигледно е дека Левандовски воопшто не е задоволен со второто место во изборот за престижната награда, сега тоа и јавно го зборуваше во разговор за полскиот канал „Sportwym“.

„Кога во прашање се моите чувства и емоции бев лошо минатата недела. Нема да лажам, бев тажен. Не беше лесно да се игра против Борусија без среќата која ми недостасуваше. Не бев спреќен, напротив…Толку сте блиску и се борите со така голем играч како Меси и стигнуваат коментари дека ја заслужувам наградата…Фактот што се борам со него е индикатор на моето ниво и тоа ме прави горд. Сепак, во себе чувствував тага која не траеше ден или два, туку подолго“.

Го прокоментира потоа Левандовски коментарот на Меси дека Левандовски требало да ја добие „Златната топка“ минатата година.

„Би сакал тоа да беше искрена изјава од голем играч, а не само зборови. Не сакам да се возбудувам. Да се биде толку блиску, а повторно далеку остава горк вкус. Потребно ми е време за се што носам во себе“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал во последните моменти се спаси од пораз против Елче 🎥

Елче беше блиску да приреди голема сензација во Ла Лига, но на крајот Реал успеа да извлеч…