Леброн Џејмс, најдобриот играч во светот истакна дека може да соборува и уште многу рекорди, но дека Мјакл Џордан засекогаш ќе остане најдобриот играч на сите времиња.
„Кралот“ претходната ноќ прикажа уште еден неверојатен настап, во својата 15 сезона во најсилната лига во светот, предводејќи го Кливленд до победа над Шарлот од 118:105.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Човекот кој на 30 декември ќе наполни 34 години ја игра можеби и најдобрата сезона во кариерата, претходната сезона тој изедначи уште еден рекорд на својот идол.
Сепак, Леброн смета дека ниту еден рекорд нема да биде доволен за да се надмине она што го направил Мајкл Џордан.
„Тоа пред се значи дека успеав да се одржам во форма во текот на сите 866 натпревари. Кога и да се спомене моето име во ист контекс со Мајкл Џордан тоа значи дека сум на вистинскиот пат и дека одлично работам. Можам да соборувам рекорди колку што сакам, но се знае кој ќе најдобриот кошаркар на сите времиња – Мајкл Џордан е вистинскиот „крал“, јасен беше Леброн.