Дома Топ вести Ла Лига експресно реагираше: Барселона и Реал Мадрид исклучени од сите преговори!

Ла Лига експресно реагираше: Барселона и Реал Мадрид исклучени од сите преговори!

Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас донесе одлука за исклучување на Реал Мадрид и Барселона од друштвото на екипи од Ла Лига во преговорите за ТВ правата во иднина. Причината е новото најавено формирање на Суперлигата.

Реал Мадрид и Барселона нема да имаат право на гласа во наредните години. Оваа одлука Тебас ја донесе веднаш откако беше најавено новото формирање на Суперлигата, иако сега станува збор за нов формат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Раководството на Ла Лига не го поддржува креирањето на ова европско натпреварување. Тие се на страната на УЕФА која не сака да има Суперлига.

Тебас одлучи веднаш да реагира и ги исклучи двата најголеми тимови од сите преговори, одземено им е правото на глас и тие нема да имаат влијание во договорите со другите екипи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…