Фудбалерите на Торино славеа на гостувањето кај Лацио со 3:1 во рамки на 15. коло во италијанската Серија А.
Клучниот момент на мечот се случи во продолжението од првото полувреме кога Имобиле заработи директен црвен картон,откако го удри и собори Бурдиз.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Биковите“ во второто полувреме ја искористија играчката предност, па во 54. минута Бернгер ја погоди уште еднаш мрежата на Лацио. Во 73. минута од мечот, Едер ги постави конечните 3:1.
Коментари