Дома Фудбал Италија Лаутаро: Сега сум во Интер, утре не знам

Лаутаро: Сега сум во Интер, утре не знам

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез повторно ги разгоре шпекулациите за неговата иднина после изјавата која ја даде.

Лаутаро цело лето се поврзуваше со трансфер во Барселона, но на крајот остана во Интер и сега преговара за продолжување на соработката.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Секој ден работам за да бидам подобар. Денес сум играч на Интер и сакам да го дадам најдоброто од себе за овој тим. Среќен сум, сакам да победувам и да освојам трофеј со Интер. Не знам што ќе се случи утре, но денес можам да кажам дека сум среќен во Интер“, изјави Лаутаро.

„Им благодарам на навивачите за љубовта која ми ја даваат, истото важи и за луѓето кои работат во клубот и кои се секогаш тука за мене“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…