Дома Фудбал Англија Лампард тврди: Канте моментално е најдобар во светот!

Лампард тврди: Канте моментално е најдобар во светот!

Н’Голо Канте игра сезона од соништата и е најзаслужен за добрите резултати на Челзи, а синоќа Французинот беше и херој на „сините“ бидејќи со својот гол ги однесе во полуфиналето од ФА Купот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сите се импресионирани од играта на Канте, а легендата на Челзи Франк Лампард смета дека тој моментално е најдобар во светот на таа позиција и дека е подобар дури од Клод Макелеле.

Канте е најдобриот играч од средниот ред на светот во моментов, кога е во прашање позицијата дефанзивен играч за врска. Лани често го споредував со Клод Макелеле, но сега е веќе очигледно дека тој поседува уште поголем квалитет и едноставно доминира на теренот“, изјави Лампард.

Канте пристигна на „Стенфорд Бриџ“ ова лето од редовите на Лестер и е незаменлив во формацијата на Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Силва ја „отпиша“ Бенфика, два клуба се „тркаат“ за неговиот потпис

Сега веќе легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сè уште не одлучил каде…