Дома Фудбал Останато Лампард дебитираше на клупата на Челзи, но „шоуто“ му го украде 14 годишно момче (ФОТО+ВИДЕО)

Лампард дебитираше на клупата на Челзи, но „шоуто“ му го украде 14 годишно момче (ФОТО+ВИДЕО)

Френк Лампард вчера дебитираше на клупата на Челзи во пријателски натпревар против Ирски Бохемијас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новиот тренер на Челзи за овој натпревар се одлучи за „шарен“ состав во кој имаше неколку стандардни првотимци.

Сепак, после натпреварот најмногу се зборуваше за 14 годишниот кој ги воодушеви сите кои го гледаа натпреварот.

Натпреварот заврши со резултат 1:1, а големи заслуги за изедначувачкиот гол на Бохемијас има 14 годишниот Еван Фергусон кој во игра влезе во 67-та минута.

Тренерот на Бохемијас му даде шанса на овој талентиран играч да заигра против големиот Челзи. Фергусон на својот тренер му возврати на најдобар можен начин, со неколку одлични потези и воопшто не изгледаше како 14 годишно момче.

Тој во 89-та минута му овозможи на Ерик Молој така што елегантно ја пропушти топката да дојде до него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Светот не може да си поверува што Американците објаснуваа за време на Мундијалот

Светското првенство 2026 година само што започна, а американскиот телевизиски пренос веќе …