Најдобриот стрелец на Челзи, Тами Абрахам, не е толку тешко повреден како што изгледаше на почетокот, барем според тренерот на Сините, Френк Лампард.
Да потсетиме, Абрахам се повреди на синоќешниот дуел во Лигата на шампионите против Валенсија на „Местаља“ и го напушти теренот во самиот финиш на првото полувреме.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со оглед на тоа што гримасата на лицето му беше навистина болна, навивачите на Челзи се исплашија дека ќе го чека подолга пауза, но се чини дека сепак нема да биде така.
“На полувремето изгледаше дека ситуацијата е сериозна, но сега се чини дека е поинаква. Тоа е се што можам да кажам во овој момент” – рече Лампард по натпреварот.
Инаку, Челзи може да биде прилично задоволен со бодот на Местаља бидејќи сега со освоен бод во последното коло против Лил на домашен терен ќе се пласираат во осминафиналето.