Дома Фудбал Репрезентации Кутињо го пропушта Светското првенство

Кутињо го пропушта Светското првенство

Бразилскиот плејмејкер Фелипе Кутињо, поради повреда, ќе го пропушти претстојниот Мундијал во Катар. 

Според првите прогнози, Кутињо ќе отсуствува најмалку шест недели, па нема да се најде на списокот од 26 играчи што ќе го објави селекторот на Бразил Тите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И покрај лошата форма, во која се наоѓа од почетокот на сезоната, Кутињо е еден од фудбалерите во кои бразилскиот селектор има голема доверба и според медиумите тој требаше да биде повикан за Катар.

Бразилецот се повредил на тренингот на Астон Вила, па ќе се врати на терените дури во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Левандовски останува во Барселона, но под нови услови

Иднината на Роберт Левандовски во Барселона станува неизвесна, но каталонскиот клуб разгле…