Дома Фудбал Лига на шампиони Куртоа блескаше во финалето, а бранел – повреден!

Куртоа блескаше во финалето, а бранел – повреден!

Реал Мадрид со победата против Ливерпул во саботата ја освои 14-тата титула во Лигата на шампионите. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Винисиус Жуниор, но големи заслуги за триумфот има и голманот Тибо Куртоа кој правеше чуда.

Куртоа имаше девет чисти одбрани, а некои од нив беа навистина тешки. Сега „Марка“ пренесува информација дека Куртоа пред финалето имал проблеми со препоните и играл повреден, сепак очигледно дека таа повреда не влијаела на беглискиот голман.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега Куртоа го очекуваат обврски за репрезентацијата на Белгија, меѓутоа лекарскиот тим на репрезентацијата бил известен за ситуацијата и повредата, па во наредните денови ќе биде одлучено дали ќе може да помогне на својата репрезентација или пак ќе добие одмор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Договорот е јасен: Јунајтед нема да може да го спречи Рашфорд да остане во Барселона!

Манчестер Јунајтед нема да има можност да го спречи Маркус Рашфорд да продолжи да игра за …