Дома Фудбал Англија Куман: Венгер е невиден плачко!

Куман: Венгер е невиден плачко!

Евертон со пресврт синоќа успеа да го победи фаворизираниот Арсенал, па Роланд Куман беше исклучително задоволен од изданието на своите избраници.

За „карамелите”, тоа беше само втора победа во последните 11 натпревари, а до неа дојдоа по голот на Ешли Вилијамс во 86-та минута.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


По натпреварот, Арсен Венгер ги посочи судиите како виновници за поразот сметајќи дека корнерот по кој падна победничкиот погодок воопшто не постоел. Тоа не му се допадна на Куман кој го искоментира неговото однесување.

„Не сум изненаден од неговите коментари затоа што е невиден плачко. Ова е трет пат што го победувам и секогаш се жали на судиите”, изјави Куман.

Поразот од Евертон е голем чекор назад за Арсенал во борбата за шампионската титула. Ако Челси вечерва го совлада Сандерленд, „сините” ќе се одвојат на шест бода во однос на градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гасперини донел одлука – се продолжува големата приказна!

Се шпекулираше, подолго време но Џанпјеро Гасперини ќе остане тренер на Аталанта и следнат…