Во натпреварот од Лигата на шампионите против Црвена Звезда, Пау Кубарси се здоби со тешка повреда во натпреварот кој неговиот тим славеше победа од 5:2.
По еден брутален удар од Урош Спајиќ Кубарси заврши со десетина конци на лицето и изгледаше како да се вратил од воен фронт, а не да играл фудбал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, без разлика на таквите повреди, Кубарси јасно му ставил до знаење на тренерот Ханси Флик дека сака да биде на теренот викендов против Реал Сосиедад. Самиот дефанзивец смета дека е подготвен и дека не му е потребно време за опоравување.
Сепак, кога е Флик во прашање тој се уште не е сигурен дали ќе го испрати Кубарси на теренот, тврдат шпанските медиуми.