Дома Фудбал Лига на шампиони Крос ја откри тајната на успесите на Хејнкес!

Крос ја откри тајната на успесите на Хејнкес!

Играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос се враќа на „Алијанц Арена“ и во полуфиналето ќе игра против својот бивши клуб Баерн Минхен.

Германецот одлично го познава Јуп Хејнкес и ја откри тајната на неговите успеси со Баварците.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Ќе биде тежок меч. Тие се веќе шампиони и се во подобра форма во споредба со минатата година. Под раководство на Хејнкес се во добра серија, но се надевам дека ќе заврши утре. Атмосферата во соблекувалната е една од тајните на Јуп. Тоа е клучот за добрите игри“, открива Крос.

„Не можеш да купиш трофеј во Лигата на шампиони. Ние не трошиме многу на трансфер пазарот. Оваа сезона за нас ова е единствената шанса да освоиме трофеј. Пред две години бевме во иста ситуација и успеавме да триумфираме“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Атлетик“ објави дека Енрике е најдобар тренер за 2025 година

Шпанскиот стратег Луис Енрике е добитник на престижното признание „Најдобар тренер на годи…