Трансферот на Френк Кесие почна да добива размери на тв сапуница. Првин Рома ги победи Челзи и Јувентус, за потоа во целата приказна да се вклучи Милан, а срцето на Кеси наводно припаѓа само и исклучиво на „росонерите“, па Аталанта му дозволила да оди во клубот кој го сака, иако претходно пуштила рака за договор на „римската волчица“.
Сепак, оваа фудбалска „сапуница“ има основа во реалноста, со оглед на фактот дека повеќе извори од Италија вчера, под превезот „итно“, јавуваа дека трансферот на фудбалерот од Аталанта во Милан е завршена работа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клубот од Бергамо на име обештетување ќе инкасира 28 милиони евра, тука вклучувајќи ја и премијата, па основата ќе биде нешто помала, а самиот Кесие ќе добие петгодишен договор вреден 2,5 милиони по сезона. Рома, инаку, го нудеше истиот кеш на Аталанта за нивниот играч, иако наводно нешто поспора динамика на исплата, но на Кесие му нудеше „само“ 2 милиони по сезона.
Сепак, можеби не е само до тоа „каде припаѓа срцето“, туку и до парите е?