Дома Фудбал Италија КРАЈ НА ЕДНА ЕРА – Буфон не е единствениот кој се прости од дресот на Италија!

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА – Буфон не е единствениот кој се прости од дресот на Италија!

Репрезентацијата на Италија прв пат по 60 години нема да игра на Светското првенство кое следното лето ќе се одржи во Русија.

Италијанците не успеаја преку бараж да се пласираат на Мундијалот, бидејќи во двомечот селекцијата на Шведска со вкупен резултат од 1:0 беше подобра. Иако „Сан Сиро“ вчера беше исполнет до последното место, тоа не им помогна на домашните играчи да го надополнат резултатот од првиот натпревар, па за прв пат по 1958. година Италија нема да си оди на СП.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Катастрофалниот резултат на „Азурите“ значеше и крај за репрезентативната кариера на Џиџи Буфон, кој имаше сон да се прости од фудбалот по Мундијалот, но тоа нема да му биде исполнето. Но, легендарниот голман нема да биде единствениот кој одлучи синоќешниот натпревар да му биде последен во дресот на репрезентацијата.

Имено, ова е крај на една ера на италијанската репрезентација, бидејќи покрај Буфон, од националниот дрес се богуваа и Џорџо Киелини, Даниеле Де Роси и Андреа Барзаљи. Тие тоа го изјавија по натпреварот и едногласно рекоја дека дојде времето за некои нови генерации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Реал веќе одлучиле: Ова е цената за Винисиус, кој е подготвен, нека плати!

Раководството на Реал Мадрид ги извести сите заинтересирани страни за сумата која треба да…