Португалецот Пепе, после 10 години поминати во клубот, ова лето заминува од Мадрид, а изгледа дека Зидан веќе го избрал неговиот наследник.
Наводно Французинот е презадоволен од напредокот кој го покажал младиот Хесус Валехо во кого гледа долготрајно решение за местото во “срцето“ на одбраната, кое останува испразнето после заминувањето на Португалецот.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
20 годишниот Валехо одигра важна улога во тимот на Ајнтрахт, тим со кој играше во финалето на германскиот куп. Младиот шпански репрезентативец, покажа голем напредок, а наводно во Реал се воодушевени од Валехо.
Она што е важно, Валехо е домашен играч и со неговиот ангажман мадритскиот клуб би бил уште повеќе “шпански“. Покрај Французинот Варана, дефанзивната линија на „кралевите“ би ја сочинувале репрезентативците на „Црвената фурија“, Серхио Рамос, Начо и идното засилување Валехо.