Дома Фудбал Англија Коронавирусот не е причина: Докторите се уште не можат да утврдат зошто Линделоф тешко дишеше

Коронавирусот не е причина: Докторите се уште не можат да утврдат зошто Линделоф тешко дишеше

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Виктор Линделоф ќе мора да прави дополнителни прегледи за се утврди зошто тешко дишеше за време на натпреварот. Сега е потврдено дека тие проблеми не се поврзани со коронавирусот.

„Скај“ пренесува дека фудбалерот добро се опоравил откако беше заменет во 74. минута во саботниот натпревар против Норвич (1:0) во Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Линделоф излезе од теренот држејќи се за градите. Неговата сопруга наведе дека фудбалерот е ставен на срцев монитор и докторите се обидуваат да ја откријат причината за проблемите.

„Виктор во овој момент е на низа прегледи поради претпазливост. Тој е добро, се опорави од она што му се случи на натпреварот против Норвич. Се укажува на тоа дека ова не е поврзано со инфекцијата на коронавирус која изби во клбуот“, соопштија од Манчесатер Јунајтед.

Поради проблемите со коронавирусот во клубот одложен е натпреварот кој Јунајтед вечерва требаше да го игра против Брентфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…