Дома Фудбал Англија Контраверзниот Алардајс го презема кормилото на „Карамелите“

Контраверзниот Алардајс го презема кормилото на „Карамелите“

Евертон е во потрага по нов тренер, а еден од кандидатите е Сем Алардајс.

Како што јавува Скај Спорт, Алардајс е првата желба на челниците на Евертон, кои се разочарани од играта на тимот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Неодамна Роналд Куман заработи отказ и на „Гудисон Парк“ се уште бараат соодветна замена, па Алардајс би можел да го преземе кормилото.

Со него се започнати преговорите откако Евертон ја загуби шансата да го донесе Марко Силва од Вотфорд, а овој стратег претходно го предводеше Кристал Палас, репрезентацијата на Англија, Сандрленд, Вест Хем, Блекбурн, Њукасл, Болтон…

Евертон во моментов е на 16. позиција во ПЛ со 23 бодови, но во последните три натпревари освои само еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на …