Антонио Конте би можел да направи шокантно враќање во Јувентус, тврди „Тутоспорт“, весник близок до торинскиот клуб.
Ако претходно срамежливо се најавуваше во дел од медиумите, од денес скоро сите познати италијански медиуми се едногласни – Алегри заминува од Јувентус на крајот од сезоната (ОВДЕ).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се наведува во поголем дел од медиумите, Јувентус веќе ги разгледува можните опции за наследник на италијанскиот стратег и веќе се споменуваат имињата на Зидан, Дешамп, Гвардиола.
Меѓутоа, вистинска „бомба“ денес ласираше „Тутоспорт“ кој тврди дека Антонио Конте може да се врати на кормилото на „старата дама“ после цели пет години.
Наводно италијанскиот стратег остварил првични контакти со раководството на Јувентус и е спремен да се врати. Притоа, со себе ќе го донесе и Андреа Пирло, кој ќе ја има уогата на негов асистент.
Конте е без ангажман откако доби отказ во Челзи и после една година пауза веќе најави дека на лето ќе се врати на терените, а неговото име се поврзува уште и со Интер.
Конте е легенда на „бјанконерите“ и како и играч и како тренер. Три сезони го предводеше Јувентус, од 2011 до 2014 година, и освои три Скудета.
The return of Conte is one of the possibilities for Juventus, after Allegri, even if there are differences to settle with Agnelli, following his original departure. He could bring Pirlo with him as his deputy. [TS] pic.twitter.com/NV2V9AcvBf
— Juvefc.com (@juvefcdotcom) March 6, 2019