Дома Фудбал Италија Италија едногласна: Алегри заминува!

Италија едногласна: Алегри заминува!

Јувентус во текот на идната недела го очекува реванш натпреварот во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Клубот од Торино се наоѓа во тешка позиција и против тим со цврста одбрана каков што е Атлетико ќе треба да „брка“ негатива од 2:0 од првиот натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Старата дама“ не е во најдобра форма, тоа се покажа и во дербито против Наполи иако Јувентус го доби со 2:1. Во второто полувреме италијанскиот шампион не упати ниту еден удар кон голот на Оспина, додека Инсиње не реализираше пенал.

Поради ваквата игра најголем дел од навивачите на Јувентус го обвинуваат тренерот Алегри.

Фановите на „старата дама“ сметаат дека Алегри не го користи напаѓачкиот потенцијал на тимот поради неговиот предефанзивен стил на игра и често пати на социјалните мрежи може да се прочитаат коментари како „има мерцедес, а го вози како југо“…

Голема прашина се крена кога во Алегри неодамна ги избриша социјалните мрежи на кои започна да добива голем број на критики,

alegri

Сега, ако претходно срамежливо се најавуваше во дел од медиумите, од денес скоро сите познати италијански медиуми се едногласни – Алегри заминува од Јувентус на крајот од сезоната.

Како што се наведува во поголем дел од медиумите, Јувентус веќе ги разгледува можните опции за наследник на италијанскиот стратег и веќе се споменуваат имиња. Наводно, во Јувентус веќе оствариле контакт со Дешамп, Конте, Зидан и Гвардиола.

Зидан се споменува од поодамна и тој важи за фаворит во овој момент. Зидан има одлично минато во Јувентус како играч, а освен тоа во тимот ќе го има Роналдо со кој соработуваше во Реал Мадрид.

Неверојатно изгледа сценариото за враќање на Антонио Конте, од оваа опција навивачите сигурно нема да бидат премногу задоволни. Гвардиола пак изгледа како нереална мета, додека Дешамп засега е во сенка на тројцата стратези.

Како и да е промената веројатно ќе се случи, можеби и многу брзо ако Јувентус доживее елиминација од Атлетико, а кој ќе седне на кормилото останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…