Дома Фудбал Италија Конте сам си „потпиша“ отказ за да се врати во Јувентус?

Конте сам си „потпиша“ отказ за да се врати во Јувентус?

Веќе два дена главна тема во Италија е Антонио Конте и неговиот отворен напад врз раководството на Интер.

„Газета дело Спорт“ објави дека Конте по освојувањето на второто место во Серија А и критиките кон раководството на клубот си „потпишал“ отказ, без оглед на резултатот од осминафиналниот меч во Лига Европа против Гетафе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конте отворено го нападна раководството на Интер и истакна дека не бил доволно заштитен во текот на целата година и упати жестоки критики.

Тоа многу ги налути челниците, особено претседателот Жанг кој сега веќе размислува за смена. Клубот сака спогодбено да го раскине договорот бидејќи Конте има договор уште две години тежок 12 милиони евра по сезона.

Дел од медиумите во Италија тврдат дека Конте сам си мести отказ бидејќи сака да седне на клупата на Јувентус. Тој е во постојан контакт со претседателот на „старата дама“, кој пак е незадоволен од работата на Маурицио Сари и сака да го врати Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…