Дома Актуелно Конте порачува: Ќе се бориме за титулата

Конте порачува: Ќе се бориме за титулата

Италијанскиот стручњак на клупата на Челси, Антонио Конте порача дека неговиот тим ќе се бори за титулата во Премиер лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Челси го победи Брајтон на Стемфорд Бриџ со головите на Алваро Мората и Маркос Алонсо и ја продолжи низата од четири натпревари без пораз во првенството.

„Игравме добро, имавме 25 шутеви, осум во рамките на голот и поголем посед на топка. Доминиравме на ист начин како и на натпреварот против Евертон, а разлика е во тоа што сега постигнавме погодоци. Имавме многу шанси за убедлива победа.“ – изјави Конте, а пренесоа британските медиуми.

„Имаме голем мотив да се бориме до самиот крај за титулата. Не знам дали ќе успееме, бидејќи тоа зависи од Манчестер Сити, кој направи фантастична низа.“ – додаде Конте.

Челси е трет на табелата со 13 бодови заостанување и натпревар повеќе од првопласираниот Сити.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Енрике размислува за иднината: ПСЖ најде засилување во Реал Мадрид?

Луис Енрике покажа дека размислува и за сегашноста и за иднината. Тренерот на Пари Сен Жер…