Дома Фудбал Англија Конте не сака незадоволни играчи во екипата

Конте не сака незадоволни играчи во екипата

Италијанскиот стручњак на клупата на Челси, Антонио Конте пред денешното гостување против Арсенал порача дека не сака да има незадоволни играчи во екипата.

Неколку фудбалери од екипата на Стемфорд Бриџ се поврзуваат со заминување од Лондон во јануарскиот преоден рок, а се чини дека Конте нема да им прави проблеми да заминат, особено што се ближи Светското првенство во Русија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Разбирам, некои играчи не играат стандардно прва постава, а сакаат да играат. Разбирам ако е некој загрижен за тоа што се ближи Светското првенство. Преферирам во екипата да останат играчите кои се среќни. Бидејќи, кога се несреќни тоа го пренесуваат на останатите играчи, на мене, на управата, а тоа не го посакувам. “ – изјави Конте.

Да потсетиме, од играчите кои се поврзани со заминување од тимот се дефанзивецот Давид Луиз и белгискиот напаѓач Мичу Батшуаи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mбапе го победи ПСЖ, францускиот гигант ќе мора да му исплати богатство!

Францускиот суд ја донесе конечната одлука со која актуелниот европски првак, тимот на ПСЖ…