Ирскиот борец Конор Мекгрегор во последно време многу често се наоѓа во медиумите.
Мекгрегор неодамна објави дека се пензионира од борбите во октагон, потоа се предомисли и објави дека не е пензиониран, а актуелен беше и со провокациите кон Кабиб Нурмагомедов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега се најде во центарот на нов скандал.
Мекгрегор овие денови престојува во Ирска и ниту во неговата татковина не помина без скандал. Имено, полицијата во Ирска отворила истрага поради една тепачка во кафуле која ја предизвикал Конор.
Сведоци на настанот изјавиле дека Мекгрегор бил во кафулето со своите пријатели и предизвикал тепачка во раните утрински часови. Според информациите, тој нокаутирал еден од гостите после откако претходно имале вербална расправија.
Потоа Конор со своите пријател иго напуштил локалот, а човекот кој бил нападнат одлучил да повика полиција и да го пријави Мекгрегор. Сведоците тврдат виновен во целата ситуација бил Конор.
Ќе потсетиме пред некое време, Конор одзема и скрши телефон на негов фан кој сакал да го фотографира.