Милан има големи проблеми со повредени фудбалери, но конечно стигна и добра вест за тренерот Пиоли.
Имено, Златан Ибрахимовиќ денес го одработи целиот тренинг со соиграчите и ќе биде спремен да се врати на терените.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Оливие Жиру исто така го надмина проблемот со повредата и веќе два дена тренира со тимот, па двајцата ќе бидат спремни за дуелот со Верона во сабота.
Голманот Мањан вчера се оперираше и ќе отсуствува 10 недели од терените, додека Тео Хернандес е позитивен на Ковид и моментално е во карантин.
Калабрија и Круниќ исто така се вратија на тренинзите и ќе бидат повикани за дуелот со Верона.
#ibrahimovic oggi in gruppo con la squadra, così come #Calabria e #Krunic #Milan
— Antonio Vitiello (@AntoVitiello) October 14, 2021