Преговорите помеѓу Арон Рамзи и раководството на Арсенал за нов договор не завршија успешно и Велшанецот сигурно ќе го напушти клубот во јануари, или на крајот на сезоната.
Договорот на Рамзи истекува на крајот на сезоната, но за да потпише нов договор со тимот од Лондон раководството на клубот ќе треба да му ги исполни големите финансиски побарувања кои ги поставил играчот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал во летниот преоден рок одбил понуда од 50 милиони фунти за Рамзи, а сега може да го загуби фудбалерот без обештетување.
Англиските медиуми пренесуваат дека Рамзи донел конечна одлука и сигурно ќе го напушти Арсенал, а ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови уште во јануари.
Сега останува да видиме дали Арсенал ќе се согласи да го пушти играчот во јануари и да заработи мала сума, или Рамзи на крајот на сезоната ќе си замине како слободен агент.
Aaron Ramsey will leave Arsenal for free at the end of the season when his contract runs out. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/pCXz3dsurN
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 27, 2018