На почетокот на овој месец се случи скандал на тренингот на Интер, а главни актери беа Антонио Конте и кондициониот тренер на тимот, Жулио Тоус Фајардо.
Италијанските медиуми утрово објавија дека Фајардо и официјално го напуштил Интер. Клубот не се огласи по повод неговото заминување и не сакаа да откријат зошто членот на стручниот штаб на Конте си заминал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа „Кориере дело Спорт“ денес објави информација дека дошло до жестока расправија помеѓу Конте и Фајардо на еден од тренинзите на Интер на почетокот на месецот.
Фајардо после вербалниот конфликт го напутшил тренингот за потоа да ги извести и челниците на клубот дека заминува од клубот. Ова е изненадување затоа што Фајардо е човек од доверба на Конте и со него соработуваше и во Јувентус и во Челзи.
Медиумите шпекулираат и дека Фајардо нема да чека долго време на нов ангажман и дека ќе биде кондиционен тренер во репрезентацијата на Шпанија.