Maкедонскиот фудбалер, Дарко Чурлинов одреден период е надвор од теренот и според изјавата на Винсент Компани неговото опоравување се одвива побрзо од очекуваното.
Во јуни Чурлинов беше во болница поради сепса и ги пропушти репрезентативните обврски за Македонија. Се споменуваше октомври, меѓутоа засега не може да се каже кога точно ќе се врати на теренот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Тренерот Компани е позитивно изненаден од тоа како тече опоравувањето.
„Навистина сум изненаден. Ние го очекувавме најлошто кога во прашање е временскиот интервал, но да бидам искрен се оди многу подобро. Неговото закрепнување е чудо. Во овој момент не би можел да кажам кога точно ќе се врати, меѓутоа ако продолжи вака тоа ќе биде многу брзо“, изјави Чурлинов.