Македонија вчера ја потресе веста од смртта на навивачот на Вардар, Никола Саздовски – Саздо.
Вардаровиот навивач беше во 10 дена во кома откако крвнички беше претепан од од Б.Б (20), С.Д (21) и Ј.Љ, сите од Скопје.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Немилиот настан се случил н 29.06.2018 година околу 17:30 часот на автобуската станица во Автокоманда.
Денес „комитите“ со голема болка се собраа пред западната трибина од каде започна испраќањето на нивниот колега, како што тие го нарекуваат. Саздо го испратија со неговиот омилен бајрак.
По собирот пред западната трибина се упатија на вечното почивалиште каде што достојно го испратија трагично починатиот Саздо…