Денес репрезентацијата на Македонија одигра само 3:3 против Естонија.
Селекторот Игор Ангеловски во овој натпревар се реши шанса да им даде на резервистите и тие според она што го прикажаа не ја искористија. И повторно се виде колку за нашата селекција е значаен капитенот Горан Пандев.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во игра Пандев влезе на местото на Николов во 64. минутa, три минути откако примивме гол за 2:1. По неговото влегување веднаш можеше да се забележи прoмена во играта и три минути подоцна таквата игра се исплатеше добивме пенал, штета Трајковски не го реализираше.
Следуваше казна Естонија доби пенал и зголеми на 3:1 иако во тој период ние бевме репрезентацијата која доминираше. На 3:1 не се откажавме Пандев намали на 3:2.
Освен голот капитенот констатно влечеше играчи, имаше моменти кога сам си поигруваше со по еден – двајца Естонци. Во една ситуација одлично го пронајде Нестор во шеснаесетникот со долга топка, но по приемот на гради еден од Естонците му ја изби топката на нашиот напаѓач.
Секако не треба да се заборави и дека Барди беше одличен по влегувањето, меѓутоа се поважно се вртеше околу капитенот. Уште еден натпревар во кој Гоче за помалку од 30 минути ја покажа својата класа.
За поголем дел од резервистите ова беше шанса, но не ја искористија кога повторно ќе ја добијат ќе одлучи селекторот како и што самиот кажа на пресот по натпреварот.
„Мое е да им дадам шанса за игра, нивно е дали ќе ја искористат“…
Фото: ФФМ