Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „Кога се игра со четворица назад, подобро функционира нападот“

„Кога се игра со четворица назад, подобро функционира нападот“

Марио Ѓуровски е дел од нашиот експертски тим кој ги коментира натпреварите на Македонија на Европското првенство, еве како тој го виде натпреварот со Украина.

„Мислам дека формацијата беше доста дефанзивна и ефтино примени голови на почетокот, па тешко е да се вратиш во натпреварот. После вториот промен гол селекторот ја промени формацијата со четворива позади и тоа изгледаше доста посериозно. Штета за пропуштените шанси, добар натпревар, добро второ полувреме. Мислам дека Барди не беше на свое ниво во второто полувреме, бидејќи за мене е тој најголемо откритие на ова ЕП. Мислам дека ако играме малку подобро во вториот дел Македонија ќе беше поопасна“.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


„Она што треба да се спомни е дека Тричковски недостасуваше во првиот дел бидејќи за разлика од Пандев тој му дава длабочина во нападот. Тричко напаѓа во длабочина и со него ќе има повеќе топки во простор. Како што реков кога се игра со четворица назад во напад има повеќе луѓе и тоа за Елмас и Пандев ќе беше многу подобро“.

„Во следниот натпревар сакам да видам Македонија која напаѓа, нема што да загуби. Може да видиме некои играчи кои не добија шанса до сега. Но во секој случај капа долу и се најдобро во последниот натпревар“, истакна Ѓуровски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Реал Мадрид за Мбапе побарал помош од Зидан

Реал Мадрид се соочува со многу проблеми оваа сезона, но најмногу се истакнува ситуацијата…