Дома Фудбал Кога животот ќе си поигра: Некогаш тресеше мрежи во Ла Лига, денес е келнер во пицерија (ВИДЕО)

Кога животот ќе си поигра: Некогаш тресеше мрежи во Ла Лига, денес е келнер во пицерија (ВИДЕО)

Во фудбалскиот свет често пати сведоци сме на чудни животни приказни, како од „нула“ некои имале среќа да направат милиони, но голем број има и од оние кои стигнале до височините, меѓутоа животот си поиграл и ги вратил во „нормала“.

Помеѓу овие вторите е и Дарио Силва, поранешниот уругвајски фудбалер кој некогаш ги тресеше мрежите во дресот на Малага во шпанската Примера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дарио Силва своите најдобри денови во фудбалската кариера ги помина како играч на Малага со која го освои Интертото Купот на УЕФА, после што направи трансфер во редовите на англиски Портсмунт. За жал многу брзо откакоо премина во англискиот тим доживеа собраќајна несреќа во која се здоби со тешки повреди.

Поради големите повреди на Силва мораше да му биде апутирана ногата. Денес 13 години после тој инцидент поранешниот фудбалер води нормален и скромен живот работејќи како келнер во една пицерија.

Ваквата чудна животна приказна на Дарио Силва беше причина новинарите на телевизијата „Ле Секста“ да му посветат еден момент на внимание и да ја потсетат шпанската јавност на овој поранешен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…