Дома Македонски спорт Мак ракомет Ковид направи хаос во ракометот: Цел тим на Работнички позитивен

Ковид направи хаос во ракометот: Цел тим на Работнички позитивен

Продолжува хаосот во македонскиот ракомет. Една недела по одлуката да се суспендира групата А, пристигнуваат информации за коронавирус и во групата Б, Работнички пријави 16 позитивни случаи.

Сите играчи и стручниот штаб се веќе во домашна изолација и немаат симптоми, а првенството се наоѓа пред прекин.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Натпреварот меѓу Работнички и Металург во Групата Б од Суперлигата е одложен. Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве денови да бидат тестирани и ракометари на екипи, кои во изминатиот период играа натпревари против Работнички.

Претходно имаше информации дека позитивни на коронавирусот има во ракометните клубови Голден Арт КЛ7, Радовиш, Струга и Охрид, па поради тоа суперлигашката група А е во мирување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…