Дома Фудбал Германија Ковач со строги мерки, нема телефони за играчите на Баерн: Кога вечераме треба да разговараме!

Ковач со строги мерки, нема телефони за играчите на Баерн: Кога вечераме треба да разговараме!

Стратегот на германски Баерн Минхен, Нико Ковач се одлучи на потег кој на фудбалерите во ова „модерно време“ веројатно нема да им се допадне.

Имено, шефот на стручниот штаб на германскиот гигант им забранил на своите фудбалери да користат мобилно телефони.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поточно, забранил телефоните да се користат во ресторанот, просториите за масажа и останатите клупски простории со исклучок на соблекувалните.

„Користењето на мобилни телефони во соблекувалната е во ред, но на другите места е забрането. Ако вечераме заедно, нормално е да разговараме меѓу себе, а не да гледаме во телефоните. Сакам размена на мислења помеѓу сите. Играчите мораат да се опуштат, гледањето во екраните нема да им помогне. Освен тоа зрачењето не е корисно за време на масажата за опуштање“, изјави Ковач.

Ковач сезоната во Баерн ја започна со убедливата победа во Суперкупот против Ајнтрахт Франкфурт со резултат 5:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …