Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов со гол ја отвори новата сезона, откако погоди за Штутгарт во Купот на Германија против Дрезден.,
Штутгарт победи со 1:0 и токму Чурлинов го постигна тој единствен гол кој донесе пласман за неговиот тим во следната фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Желбата на Чурлинов беше да продолжи во Шалке каде што играше на позајмица, но клубовите не успеаа да се договорат, па веќе стана јасно дека нема да се врати во Гелзенкирхен.
Сега медиумите пренесуваат дека се појавила нова опција. Наводно клуб од Англија покажал интерес и го контактирал Штутгарт за македонскиот репрезентативец.
Името на клубот не се открива, меѓутоа се наведува дека станува збор за клуб кој изминатата сезона испаднал од Премиер лигата. Клубовите кои испаднаа од најсилната англиска конкуренција се Норвич, Барнли и Вотфорд.