Дома Фудбал Останато Клубовите и УЕФА се договорија – ќе се игра фудбал и во јули

Клубовите и УЕФА се договорија – ќе се игра фудбал и во јули

Челниците на УЕФА, Здружението на европските клубови ЕКА и најсилните национални првенства повторно на заеднички состанок барале начин како да заврши фудбалската сезона.

Италијанските медиуми тврдат дека начелно е постигнат договор најпрвин да завршат сезоните во националните шампионати, а дури потоа да се играат мечевите во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според овие извори првиот човек на ЕКА, претседателот на Јувентус Андреа Ањели успеал да го убеди првиот човек на УЕФА Александар Чеферин да го подржи овој предлог.

Целта е да се креира хомоген календар, односно 12-те најсилни европски лиги да завршат истовремено. Ова значи дека фудбал ќе се игра и во јули, па во тој случај сите клубови би имале исти услови во борбата за титулите.

Поради пандемијата со коронавирусот се уште не се знае точно кога ќе продолжи сезоната, но претпоставките се дека ќе се создадат услови на почетокот на мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Премиерот на Обединетото Кралство го повика Абрамович да ги ослободи парите од продажбата на Челси, за да бидат донирани на Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, сер Кир Стармер, го предупреди Роман Абрамович дека „вр…