Дома Фудбал Англија Клоп ќе го води едниот тим на Ливерпул, а кој ќе го води вториот?

Клоп ќе го води едниот тим на Ливерпул, а кој ќе го води вториот?

0

Ливерпул потврди дека натпреварот од Карабао Купот против Астон Вила ќе го игра во декември оваа година.

Англискиот клуб имаше проблеми бидејќи поради згуснатиот распоред немаше слободен термин за одигрување на четвртфиналето од Карабао Купот против Астон Вила.

На крајот одлучено е да игра два натпревари за помалку од 24 часа на два континенти. Една екипа ќе игра на ФИФА клупското светско првенство во Катар, а друга против Астон Вила на 17-ти декември.

„Клубот сака да ја искористи оваа прилика за да нагласи дека ова не е идеално сценарио, но тоа е исходот кој е постигнат со најдобар интерес за натпреварувањата, нашите колеги клубови и нас самите“, соопштија од клубот.

Oваа одлука отвори и друго прашање – едниот тим (веројатно тој во Катар) ќе води Клоп, кој ќе го води другиот тим?

Џејми Карагер наводно добил повик заедно со Алекс Инглеторп да го води подмладениот тим со кој се очекува Ливерпул да настапи во Лига Купот.

Инглетроп во овој момент работи во академијата на Ливерпул, а Карагер кој е легенда на тимот би можел да добие прилика да биде во стручниот штаб.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На денешен ден Ибрахимовиќ го постигна најдобриот гол во кариерата (ВИДЕО)

На денешен ден пред седум години Златан Ибрахимовиќ го постигна најдобриот гол во неговата…