Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп ја објасни чудната изјава во која тврдеше дека не сакал да играат против Порто

Клоп ја објасни чудната изјава во која тврдеше дека не сакал да играат против Порто

Ливерпул во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите на „Енфилд“ ќе го пречека тимот на Порто.

Иако сите сметаат дека Ливерпул добил можеби најлесен противник во четвртфиналето, Јирген Клоп смета дека тоа не е така и дека неговите избраниците ќе имаат тешка задача против Порто.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тимот од „Енфилд“ втора година во низа ќе игра против португалската екипа откако минатата година во осминафиналето го победија Порто со 5:0 на гости, а реваншот заврши без победник 0:0.

Клоп смета дека Порто ќе сака да се одмазди за минатогодишниот висок пораз во првиот натпревар во кој Садио Мане кој оваа сезона игра во уште подобра форма постигна хет-трик, по еден гол постигнаа Салах и Фирмино.

„Минатата година победивме со 5:0 и си помислив. Во ред не би требало да се враќаме тука некое време, но ждрепката сакаше повторно да играме против нив. Резултатот од минатата година е повеќе вреден за нив, отколку за нас. Мораме да бидеме силни, јасни, директни во вистинските моменти и креативни. Беше тоа необичен натпревар во кој постигнавме два или три гола од контранапади“.

„Сите го посакуваа Порто оваа година, но оние кои малку се разбират во фудбал не сакаа да играат против Порто. Ќе биде ова интересен натпревар“, заклучи тренерот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…