Челниците на Интер оствариле контакт со играчот за врска на Интер и италијанската репрезентација, Николо Барела, пренесуваат италијанските медиуми.
Клоп е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Вајналдум, па во Барела гледа идеално засилување.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Барела одигра одлична сезона во Интер и покажува одлични партии на ЕУРО, па Ливерпул е одлучен во намерата да го донесе на „Енфилд“.
Интер има финансиски проблеми и веќе го продаде Хакими, но ќе направи се за да го задржи Барела.
„Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да понудат 50 милиони евра за потписот на Италијанецот.