
Ливерпул вчера беше поразен од Арсенал во дербито во ова коло во Премиер лигата со што „црвените“ дојдоа до 10. позиција на табелата со 10 бода. За Ливерпул ова е најлошиот старт на една сезона после 2012/2013 кога имаа девет бода после десет кола.




Таа сезона Ливерпул ја заврши како седми, а Јирген Клоп после дуелот со Арсенал призна дека неговиот тим не е во трката за титулата оваа сезона.




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Повеќе не сме во трката за титулата оваа сезона. Замислете да седам тука и да ви кажам блиску сме…Не е така. Се наоѓаме во тешка ситуација, игравме со Арсенал, ни следи Ренџерс, а потоа Манчестер Сити. Тоа не се идеални противници за враќање на самодовербата.




Кога победувате се е супер, кога губите има тешки разговори, а со моите зборови не можам многу да променам. Треба да излеземе и да се бориме“, изјави Клоп.




Против Ренџерс Ливерпул ќе игра во среда и не смее да си дозволи кикс во Лигата на шампионите затоа што в еќе изгуби еден натпревар во првите три кола и тоа со 1:4 против Наполи.