Клоп и Тен Хаг нема да бидат среќни откако беше објавен празничниот распоред во Премиер лигата. затоа што Ливерпул и Јунајтед ќе одиграат три натпревари во осум дена.
Мундијалот во Катар завршува на 18. декември, а на 26. декември Премиер лигата започнува со „Боксинг деј“. Најмалку време за одмор ќе имаат Ливерпул и Манчестер Јунајтед затоа што во осум дена ги чекаат три натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јирген Клоп и претходно јавно го критикуваше густиот распоред, а сега ќе има само причина плус да има што да каже. Арсенал, Челзи и Манчестер Сити ќе имаат еден ден повеќе за ист број на натпревари.
Ливерпул:
Астон Вила (26. декември)
Лестер (30. декември)
Брентфорд (2. јануари)
Манчестер Јунајтед:
Нотингем Форест (27. декември)
Вулверхемптон (31. декември)
Бурнмаут (3. јануари)
Арсенал:
Вест Хем (26. декември)
Брајтон (31. декември)
Њукасл (3. јануари)
Манчестер Сити:
Лидс (28. декември)
Евертон (31. декември)
Челзи (5. јануари)
Челзи:
Бурнмаут (27. декември)
Нотингем (1. јануари)
Манчестер Сити (5. јануари)