Дома Фудбал Англија Клоп: Кин кажал дека сме играле лошо? Сигурно гледал друг натпревар ?

Клоп: Кин кажал дека сме играле лошо? Сигурно гледал друг натпревар ?

Ливерпул вчера на свој терен го победи Арсенал во дербито од 3. коло во Премиер лигата со 3:1.

Арсенал успеа да поведе со 1:0 со голот на Лаказет, но домаќините стигнаа до пресврт со головите на Мане, Робертсон и Жота. После натпреварот во центарот на вниманието се најде Клоп.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тренерот на Ливерпул слушнал дека Рој Кин во коментирањето на натпреварот кажал дека Ливерпул игра лошо, а тоа не му се допадна на германскиот стратег.

„Дали Кин кажал дека сме играле лошо во вечерва? Мора да гледал некој друг натпревар, ништо не беше лошо. Овој натпревар беше извонреден. Фудбалот кој го игравме беше навистина извонреден“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пикси: Ако мислите дека треба да ја победиме Англија, тогаш доведете некој што може да го направи тоа

Фудбалерите на Србија го доживеаја првиот пораз во квалификациите за Светското првенство 2…