Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп го пронајде проблемот во ремито против Спартак

Клоп го пронајде проблемот во ремито против Спартак

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека неговиот тим мора да биде подобар во завршницата.

Во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите, Ливерпул ремизираше 1:1 во Москва против Спартак, иако доминираа и создаваа шанси во текот на целиот натпревар.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Мораме да бидеме подобри во завршницата, тоа е нашиот проблем во овој момент“, изјави Клоп после ремито.

Клоп не сакаше премногу да ги критикува фудбалерите, па така ги пофали своите избраници за вложениот напор и енергијата во овој натпревар.

„Ова беше луд натпревар. Креиравме многу шанси, но кога нема да победите, тогаш тоа е просечен натпревар. Момците беа одлични, дадоа се од себе, но сепак не успеавме“, изјави Клоп.

Ливерпул во групата Е во која се наоѓаат уште Спартак Москва, Севиља и Марибор има два освоени бодови после исто толку натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …