Дома Фудбал Останато Клоп ги разочара навивачите со изјавата за потенцијалното засилување

Клоп ги разочара навивачите со изјавата за потенцијалното засилување

Ливерпул и Јирген Клоп во моментов се во борба за титулата во Премиер лигата, но и во Лигата на Шампионите каде што во полуфиналето ги очекува Барселона.

Освен што имаат добри резултати на теренот, Ливерпул сака добро да изработи и на пазарот за следната сезона да има уште посилен состав. Клоп неколку пати нагласи дека ќе има засилувања, а едно од најголемите имиња кое се поврзува со Ливерпул е Лоренцо Инсиње од Наполи. Германскиот стратег денеска сепак стави крај на тие шпекулации и откри дека Ливерпул нема да се обиде да го направи тој трансфер.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Нема да потпишеме со Инсиње. Тој е многу добар играч, но има долгогодишен договор со Наполи“, изјави Клоп.

Со оваа изјава Клоп јасно даде знаење дека Ливерпул нема да го доведе споменатиот играч, иако тој е една од најголемите желби на навивачите на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи на играчи од Брајтон потроши над 300 милиони

Нов играч на лондонскиот клуб наскоро ќе стане Жоао Педро, кој е уште еден во редот на Бра…