Дома Фудбал Останато Клаудио Раниери имаше краток вовед, еве како против ПСЖ во големото дерби?!

Клаудио Раниери имаше краток вовед, еве како против ПСЖ во големото дерби?!

Во пресрет на дербито во француското првенство помеѓу ПСЖ и Нант, тренерот на „Канаринците“, Клаудио Раниери е запрашан како мисли да ја сопре напаѓачката машинерија на Емери.

Харизматичниот Италијанец одговори на шеговит начин и направи интересна увертира пред саботниот судир на „Паркот на принцовите“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Како мислам да го сопрам Нејмар, Кавани, Мбапе, Алвеш? Прво, ако би можел, би играл со 22 играчи во поле, а потоа пред нашиот гол би паркирал два автобуси. Шега на страна, можеби би требало да играме како Монпелје, со петтмина позади. Тие така извлекоа 0:0“, истакна Раниери.

„Она што е важно е моите момци да бидат смирени и одлучи кога ќе биде пресудно. Знам дека би можело да се случи да го загубиме ова дерби, но ќе се бориме да не дојде до тоа“.

На прашањето дали навива за ПСЖ во Лигата на шампионите, Раниери додаде:

„Секогаш навивам некој италијански клуб да го освои трофејот. Но, ако не успеат Јувентус, Рома или Наполи, мојот следен избор е ПСЖ“, заврши некогашниот менаџер на Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вака ќе изгледа топката на Светското првенство 2026 (Видео)

ФИФА официјално ја претстави топката со која ќе се игра на Светското првенство во 2026 год…