Дефанзивецот на Ливерпул и холандската репрезентација Вирџил ван Дајк направи класа потег.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Ван Дајк купил четири сезонски карти за натпреварите на холандски Гронинген, клубот во кој ја започна фудбалската кариера.
На тој начин сака да му помогне на клубот за да се избори со финансиските проблеми.
„Купив четири сезонски карти за наредната сезона. Решив да му помогнам на Гронинген во оваа тешка ситуација. Картите ќе бидат поделени на навивачите кои не можат да си дозволат.“ – напиша Ван Дајк.
Акцијата на Гронинген ја поддржа и напаѓачот на Барселона, Луис Суарез кој исто така еден дел од кариерата ја помина во овој клуб.